crkva2014.06.16 [09:03]
Тимотеј Дебарско-кичевски е актуелниот митрополит на Дебарско-кичевската епархија.
Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско како Славе Јованоски. Во 1976 година дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работи како службеник во Македонската архиепископија. Од страна на Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На богословскиот факултет во Скопје извесно време Јовановски работел и како професор, а е поставен и за в.д. ректор на Македонската православна богословија.
Во Монашки потстриг примал на 10 септември 1981 година во Бигорскиот манастир, а на 11 септември 1981 година бил ракоположен за јероѓакон во истиот манастир. На 13 септември 1981 година бил ракоположен за јеромонах во Кичевскиот манастир, а за архимандрит бил произведен во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Битола.
По изборот за епископ на 20 септември 1981 година бил хиротонисан за архиереј на МПЦ во црквата „Свети Димитриј“ во Скопје. Од 21 септември 1981 година бил назначен за Митрополит Австралиски и администратор на Дебарско-кичевската епархија. Со Австралиската епархија раководел до 1995 година, од кога продолжил да раководи со Дебарско-кичевската епархија како Митрополит Дебарско-кичевски.